Двојна одбрана каква не се памети во ракометот (ВИДЕО)

Тимот на Алборг денеска ќе игра во големото финале на ракометната Лига на шампиони откако вчера го елиминираше богатиот ПСЖ во полуфиналето на завршниот турнир во Келн. 

Потегот на натпреварот го имаше голманот на данскиот состав Симон Сандграв Гаде, кој имаше неверојатна двојна одбрана. Веројатно и најатрактивната во историјата на завршните турнири во елитата.