Двоен цепелин на Црна Гора за гол во мрежата на Хрватска (ВИДЕО)

Црна Гора одигра страшен натпревар против Хрватска и го изненади ривалот со 32-26 во првиот меч од втората фаза на Европското првенство (ЕП) во ракомет, а натпреварот го одбележа и атрактивен погодок на избраниците на тренерот Зоран Рогановиќ.

Во завршницата на првото полувреме Црна Гора постигна гол за 14-9, и тоа на навистина феноменален начин со двоен цепелин, кој беше неодбранлив за „каубоите“.