Два гола за Пешевски во поразот од Вецлар на Миркуловски

Борбата меѓу македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Филип Миркуловски заврши со триумф на поискусниот. Вецлар го освои Штутгарт со 31-24 во рамки на 25. коло од ракометната Бундеслига.

Вецлар доминираше во текот на целото прво полувреме, кое го доби со 18-12, а Штутгарт почна да се буди во вторите 30 минути кога намали на 18-21. Сепак, гостите не попуштија и на крајот триумфираа со убедливи 31-24.

Пешевски постигна два гола од два обиди, додека најефикасен на мечот беше Стефан Чавор со девет погодоци.