Три гола за Пешевски во поразот на Штутгарт кај Фленсбург

Македонскиот ракометар Жарко Пешевски постигна три гола против Фленсбург, но тоа не му беше доволно на Штутгарт да избегне пораз од 29-30.

Штутгарт беше подобар противник во текот на речиси цело прво полувреме бидејќи во 15. минута имаше водство од четири гола (10-6), но потоа полека почна да се топи предноста и Фленсбург израмни на 14-14.

Фленсбург во вториот дел ја презема контролата и ги казнуваше грешките на Штутгарт, па им врати во иста мера како за првото полувреме и создаде водство од 23-19. Сепак, екипата на Пешевски покажа знаци на живот во финишот и успеа на момент да израмни на 26-26.

Во голема битка во последните минути, сепак, Фленсбург подобро одигра и на крајот триумфираше со 29-30 за важна победа во шампионатот.