Драматичен финиш во Финска: Е. Работник остана со празни раце против Кокс

Еурофарм Работник се враќа со празни раце од Финска, кадешто во рамки на деветтото коло од Лигата на шампиони загубија од Кокс со 21-23.

Во Финска се играше буквално гол за гол до 13. минута, по што Еурофарм успеа да поведе со 7-5, но домаќинот веднаш се врати во игра и дури успеа и да поведе. Сепак, двете екипи на полувреме заминаа со резултат 13-13.

Во второто полувреме идентична слика како во првите 30 минути. Повторно се играше гол за гол, а Кокс во 58. минута успеа да поведе со 22-21, по што Ловро Јотиќ имаше шанса за израмнување, но не ја искористи, а казната стигна во последните секунди од мечот кога домаќинот ги постави конечните 23-21.

Најдобар во редовите на битолскиот тим беше Јотиќ со пет погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Тему Таминен со шест гола.