Вардар и Металург носители пред ждрепката за ЛШ!

Македонските претставници во ракометната Лига на шампионите (ЛШ), Вардар и Металург, се сместени како носители во пресрет на ждрепката на групите за новата сезона, која ќе се одржи на 29 јуни во Виена.

Црвено-црните со вториот по ред настап на фанјалфор-турнирот во Келн дефинитивно ја заслужи привилегијата да биде сместен највисоко при одредувањето на групите А и Б, во кои настапуваат најдобрите европски тимови. Рамо до рамо со доскорешниот европски шампион е ПСЖ, со кого новиот состав на Вардар предводен од новиот тренер Парондо нема да може да се сретне во првата фаза од ова натпреварување. Актуелниот владетел Монпеље, пак, е сместен дури во шестиот барабан.

Металурзите, пак, поради своето минато и долгогодишно учество во ЛШ се најдоа во првиот стартен ред за групите Ц и Е и тоа заедно со Висла Плок, единствениот тим кој со сигурност знаат дека нема да може да се сретнат во прелиминарниот круг.