Дибиров: Очекував повеќе публика, ама кај нас и кога е пола сала - грми!

Тимур Дибиров успешно ја игра улогата заменик капитен на Варда ри на теренот и надвор од него. На прес-конференцијата по победата над Порто, го истакна задоволството од триумфалниот старт на домашен терен во ЛШ.

Дибиров прво истакна за колку добра екипа станува збор. Смета дека Порто е потценет и дека допрва ќе ја покажува својата вредност.

„Очекувавме дека Порто ќе пружи добар натпревар овде во Скопје. Така и беше, особено во првото полувреме. Имавме многу проблеми со нивната брза игра, но во вториот дел бевме подобри и најдовме начин како да играме против нивниот напад. Сигурен сум дека Порто го очекуваат многу победи, сигурно дека нема да ја заврши групата со 2-3 бода. Ова е тим којшто расте бргу и го очекува светла иднина. Верувам дека ќе ни биде тешко и во Порто.“, истакна Русинот.

Вардар одигра две различни полувремиња, второто во кое го прегази Портои првото во кое се мачеше и во кое губеше  Тогаш црвено-црните направија претерано многу технички грешки.

„Во првиот дел...што знам, не е дека беше ужасно, но секој играч да направи по една грешка, толку треба. Можеби тие што се нови помлади играчи беа малку нервозни, прв меч, па лесно прегореа. Но, во второто полувреме беше подобро, особено по говорот на тренерот во соблекувалната. Беше тивок говор, ама ни помогна. Се радуваме на победата, не е лесно да се победува во ЛШ, секоја победа е важна“, рече Дибиров.

Тој беше еден од најефикасните на натпреварот, со пет гола и заедно со Чупиќ, Криштопанс и Шишкарев ја носеа екипата, пред се помладите и поновитекои уште се навикнуваат на скопската атмосфера.

„Беше многу добро чувство пак да се игра дома, но искрено да ви кажам очекував малку повеќе гледачи. Денеска е недела, па може тоа им комплицира. Сепак, нашата сала грми и кога е полна само пола. Да не беше публиката немаше да го направиме пресвртот. Среќни сме, бидејќи секоја победа е нешто специјално за нас“, додаде Дибиров.