Де Варгас: Покажавме дека можеме да победиме секаде - па и во оваа атмосфера

Барселона му одржа ракометна лекција на Вардар, па по натпреварот тренерот Чави Пасквал и голманот Перез де Варгас очекувано беа задоволни и среќни.

Од „Јане Сандански“ ретко кој тим успеал да си замине среќен, а „каталонците“ се вброија во малу бројните тимови кои освоиле бодови.

„Среќен сум за мојот тим, не е лесно да се игра тука во оваа атмосфера. Започнавме скоцентрирано во првото полувреме и на исто ниво продолживме во вториот дел. Следниот викенд ќе биде многу различно во Барселона. Вардар е силен тим, се надевам дека и следниот викенд ќе победиме во 'Палау Блауграна'“, изјави Пасквал.  

Перез де Варгас имаше фантастична вечер и успеа да одбрани 15 удари на „вардарци“. Беше еден од клучните во победата на Барселона заедно со Дика Мем, кој постигна 8 голови. 

„Се согласувам со тренерот. Бевме сконцентритрани на тоа што треба да го направиме денеска. Сакавме да победа тука во оваа арена, за да покажеме дека можеме да победиме било каде па и во ваква атмосфера. Среќен сум затоа што сме први во групата и да продолжиме на ваков начин. Следниот натпревар ќе биде тешко, Вардар нема да ги повтори истите грешки“, истакна Де Варгас.