Црна Гора со пресврт до победа над Србија и шанса за полуфинале

Селекцијата на Црна Гора го доби екс-југословенското дерби против Србија во рамки на Групата 1 на Европското првенство за ракометарки, што се одржува во Франција. 

Црна Гора славеше со 28-27 иако на полувремето имаше негатива од 12-15. Во вториот дел оваа репрезентација успеа да се врати и да дојде до триумф со кој ги задржа шансите за пласман во полуфиналето. Србија со овој пораз дефинитивно отпаѓа во трката за првите две места во групата.

Мајда Мехмедовиќ, Милена Раичевиќ и Дурдина Јауковиќ беа најефикасни во таборот на Црногорките со по шест голови. Катарина Крпеж Слезак постигна 12 голови од 13 шута за Србија, но нејзината блескава партија не беше доволна за победа.

ТАБЕЛА ГРУПА 1
1. Русија 8
2. Франција 5
3. Црна Гора 4
4. Шведска 3
5. Србија 2
6. Данска 2

СЛЕДНО КОЛО
Данска - Црна Гора (среда)
Шведска - Русија
Србија - Франција