ЧСМ го освои Челинџ-купот, а нашиот Георгиевски беше перфектен

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски заедно со својот тим ЧСМ Букурешт ја освои титулата во Челинџ-купот. Крилниот ракометар беше пефектен во реализацијата, имаше четири голови од исто толку обиди.

Романскиот тим ја надополни негативата од еден гол во првиот меч во Португалија. ЧСМ славеше со 26-20 и заслужено стигна до трофејот. Голем дел од работата беше завршена во првото полувреме, кога поведоа со 16-9. Вториот дел тие рутински го одржуваа водството и стигнаа до голема победа.