Чешка не е ич наивна: Германија едвај стигна до победа

Актуелниот европски шампион Германија едвај ја скрши Чешка за да стигне до победа 22-19 во првиот меч од нашата група во главната фаза на Европското првенство во Хрватска и со тоа да стигне во моментов на четири бода на табелата. Вечерва во нашата група ќе се соочат Словенија и Данска од 20.30 часот.

Дури во последните десет минути Германија успеа да го скрши тврдиот и цврст тим на Чешка и тоа само благодарение на голманот Андреас Волф, кој имаше три одбрани од кои две клучни кога се кршеше резултатот. При 19-18 успеа да одбрани седмерец, а кога Германија поведе со 20-18 на пет минути пред крајот, одбрани и зицер и практично ги доточли Чесите.

Чешка се покажа како исклучително опасен и незгоден ривал, а Германците мака мачеа со нив, посебно во нападот, но за подобар резултат Чесите можеа да се изборат да не беше очајната завршница од послендите 13 минути од мечот во кои дадоа – само два гола.

Стефан Фат даде осум гола и беше најефикасен кај Германија, а Силвио Хајневетер запиша 12 одбрани, но клуог го имаше Андреас Волд со двете интервенции во финишот. Кај Чешка, Станислав Каспарек и Ондреј Здрахала постигнаа по четири гола но со очајна реализација. Голманот Томас Мрква запиша десет одбрани.