Червар и Хрватска преживеаја: Белорусија ги намачи коцкестите

Вардаровиот дијамант Лука Циндриќ ја спаси Хрватска од бламажа и ја остави сè уште во игра за полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва едвај ја совлада Белорусија во вториот меч од втората рунда во првата група во која Норвешка претходно ја победи Србија. Хрватска триумфираше со 25-23, а голот на Циндриќ на минута пред мечот се покажа како клучемн.

Се искачи четата на Лино Червар за да стигне до победа и до четири бода во групата,иао во текот на целиот меч, „коцкестите“ имаа предност од два-три гола разлика, а најмногу и пет пред крајот на првиот дел (13-8), но жилавите Белоруси во ниту еден момент не се предадоа, па во финишот од мечот со серија од 3-0 стигнаа на чекор до сензација. Хрватска пет минути во завршните седум не успеа да даде гол што го искористија Белорусите, се до моментот кога Циндриќ погоди за водство од 24-23 и тоа во момент под закана за пасивен напад.

Во завршните половина минута, Белорусите се сплеткаа во организацијата на нападот за израмнување, па Марко Копљар ја запечати победата од 25-23

Циндриќ беше втор стрелец со четири гола, но со лоша реализација, а најефикасен беше Лука Степанчиќ и Марко Мамич со по пет. Андреј Јурнок со шест бола беше најдобар стрелец кај Белорусија.