Чеховски Медведи со триумф го „заковаа“ Металург на дното!

Металург не успеаа да ја прекинат „црната“ серија ниту во петтото коло од Лигата на шампиони, откако во Русија загубија од Чеховски медведи со 33-25.

Тренерот на Металург, Данило Брестовац беше суспендиран за овој натпревар и не можеше да им помогне на неговите играчи во текот на натпреварот.

Металург лошо го отворија дуелот, па руската екипа веднаш стигна до предност од пет поени (8-3), која подоцна ја одржуваше до полувремето (18-13).

Во второто полувреме екипата од Автокоманда тргна како што треба и стигна на еден гол негатива (21-20), но тоа беше сè од Металург бидејќи Чеховски медведи се разбудија и продолжија со доминација во финишот на вториот дел за конечен триумф од 33-25.

Халил Јагањац беше најдобар во екипата од Автокоманда со седум постигнати голови, додека кај Чеховски Медведи најефикасен беше Дмитри Санталов со шест гола.

Металург така ја продолжи катастрофалната серија, па сега има пет порази по исто толку одиграни натпревари во групата Ц и се наоѓа на дното на табелата.