Цепелинот на Вања Илиќ и Арпад Штербик меѓу најубавите потези во ЛШ (ВИДЕО)

Веќе не е топ-5 ако го нема Арпад Штербик. Голманот на Вардар уште еднаш покажа дека е уникатен примерок од својата раса со фантастична партија во Загреб, а згора на тоа беше доволно атрактивен да го вбројат во изборот на ЕХФ-ТВ.

Штербик ја има третата најдобра одбрана ова коло и тоа двојна, на два зицера на загрепчани. Првото место меѓу најатрактивните голмани ова коло го има Марин Шего oд Пик Сегед.

И Металург има свој претставник во најдобрите потези на колото. Тоа се Вања Илиќ и Александар Гуглета со својот цепелин од крило на крило, вториот како асистент, првиот како реализатор. Нивниот потег беше петто место, а најубавиот гол ова коло исто така дојде од мечот Металург - Монпелје, само од раката на Валентин Порт.

Овој пат, според критериумите на ЕХФ, никој не се истакнал доволно за место во идеалната постава.

 

ИДЕАЛНА ПОСТАВА

Лево крило – Андре Лингбо (Елверум)

Лев бек – Дмитри Санталов (Чеховски)

Среден бек – Јанус Смарасон (Алборг)

Десен бек – Дика Мем (Барселона)

Десно крило – Едуард Кемпф (ПСЖ)

Пивот – Андерс Закариасен (Фленсбург)

Голман – Андреас Паличка (Рајн-Некар)