„Цепелинот“ на Лакрабер и Лекиќ помеѓу ТОП 5 голови во ЛШ (ВИДЕО)

Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ повторно се најдоа во изборот на ЕХФ на најдобрите голови од четвртфиналето во Лигата на шампиони за ракометарки. 

Втора недела по ред овие две ракометарки се наоѓаат на четвртото место на најубав погодок, бидејќи и по првиот дуел со Митјиланд на гостински терен нивниот „цепелин“ се најде на четвртото место во изборот на ЕХФ, а така беше и по реваншот. Французинката речиси на идентичен начин и асистираше на Србинката за атрактивен погодок, но доволно само за четврто место.

Голот можете да го погледнете ТУКА.