„Цепелинот“ на Карачиќ и „џинот“ Криштопанс меѓу најдобрите голови во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар одигра фанстатичен натпревар против Рајн-Некар Левен во Лигата на шампионите на гостински терен, а наградата за добрата партија пристигна и со индивидуалните признанија на „вардарци“ во топ-листите на ЕХФ.

Покрај Тимур Дибиров, кој се најде во идеалната постава на 11.коло во елитата, Даинис Криштопанс има еден од најубавите голови од изминатата рунда.

Неговиот „цепелин“ по асистенција на Игор Карачиќ се најде на четвртото место на најатрактивен гол во ЛШ.

Голот на Криштопанс можете да го погледнете ТУКА.