Бразилски бомбардер од Висла доаѓа во Вардар!

Европскиот шампион Вардар продолжува со ремонтот на екипата и засилувањата за следната сезона, во која сака да го одбрани трофејот во Лигата на шампиони, а за тоа наскоро би можеле да добијат помош од 25-годишниот Бразилец, Хозе Толедо.

Ракометарот на Висла Плоцк си заминува од Полска по четири години, па во следната сезона се очекува да ја дели минутажата со џинот од редовите на „црвено-црните“, Даинис Криштопанс.

Толедо е висок ракометар (193 см), па се очекува да биде голема помош и во одбраната на Вардар.

Бразилецот настапува и за својата репрезентација од 2015 година, а има златен медал од 2016 и сребрен од 2018 година на Пан Американските игри.