Борозан потпиша за европскиот вицепрвак Веспрем

Вуко Борозон си замина од Вардар на сред сезона и не беше дел од шампионскиот тим, што ја освои Лигата на шампиони. Црногорецот од денеска и официјално е нов ракометар на Веспрем. 

Тој потпишал двегодишен договор си можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Борозан беше во преговори со Барселона, но неговиот трансфер во редовите на каталонскиот гигант пропаднале, па се одлучи да продолжи во Унгарија.

Кариерата ја започна во Цетиње, а потоа играше и за Карловац. На големата сцена се проби како член на Металург во 2014 година, а потоа играше во Германија за тимот на Либек. Во 2016 година се врати во Скопје, односно во редовите на Вардар, каде играше до оваа сезона.