Борозан е добар, ќе распали в сабота со Кристијанштад!

Најдобриот стрелец на Вардар од победата кај Монпелје (27-24), Вуко Борозан, подготвен е да настапи и в сабота, во второто коло од ЛШ, иако не играше против Стеауа, во вторникот.

Роберто Парондо потврди дека Борозан ќе биде во екипата, подготвен да ја поведе во нова победа, иако мораше да биде поштеден поради проблематичното колено.

„Вуко побара да одмори со Стеауа, мораше да прими една инјекција. Мора да го штедиме со неговото колено. За во сабота ќе биде во екипата, подготвен да игра. Во овој момент повредени играчи ни се само Горбок и Стоилов“, се изјасни шпанскиот тренер.

Уште на почетокот на сезоната Парондо нагласи дека Борозан планира да го оперира денсото колено, но во консултација со лекарите се договориле (ако може) да ја одигра оваа полусезона, па малиот хируршки зафат да остане за декември.