Голем хендикеп за Вардар во Кјелце: Борозан доби директен црвен! (ВИДЕО)

Вардар се соочува со проблеми на гостувањето кај Кјелце, не само затоа што по првото полувреме губи од полскиот шампион со 16-15, туку бидејќи остана без еден од најважните играчи.

По неполни 14 минути игра во Кјелце, Вардар остана без Вуко Борозан. Црногорскиот бомбардер имаше остар старт врз Јахлевски во 14. минута, а литванските судии по кратка консултација тоа го санкционираа со директно исклучување. Причина беше остриот удар врз Михал Јурецки.

Ова е огромен хендикеп за црвено-црните затоа што Борозан е единствениот класчиен лев бек-шутер во составот на Роберто Парондо. Сергеј Горбок е повреден, а новото засилување, Кристијан Дисингер, уште нема право да игра.

Игор Карачиќ експресно ја пополни празнината и заигра покрај Скубе со максимален ефект, два од два. Водството на Кјелце достигна највисоки плус четири, но Вардар и хендикепиран успеа да се врати.