„Бомба“ во Германија: Фленсбург се засилува со светски шампион

Данскиот ракометар Мадс Менса Ларсен, кој го носи дресот на Рајн-Некар Левен ќе засили еден од најголемите ривали, односно екипата на Фленсбург.

Според странските медиуми, Ларсен се договорил со Фленсбург, па ќе го напушти Рајн-Некар по неколку години, откако им се приклучи во 2014 година.

Ларсен има договор до летото 2020 година со Рајн-Некар, па најверојатно по завршување на соработката ќе се пресели во тимот на Фленсбург.