Бивш вардарец им порача на сонародниците: Удрете им добар ќотек на Французите!

Домаќинот на Европското ракометно првенство, Хрватска својата шанса за полуфинале ќе ја бара в среда од 20.30 часот против светскиот првак Франција, меч кој мора да го победи, а поранешниот вардарец и екс-репрезентативец на „коцкестите“, Блаженко Лацковиќ откри како треба да играат сонародниците за да стигнат до успех – со добар ќотек за противниците.

Хрватска против Франција има очајно лоша традиција, со само осум победи во 24 меча, а сега им треба било каква победа, ако Норвешка ја победи Шведска или два-до три разлика во зависност од бројот на дадени голови (границата е 22)

„Сега им е многу полесно по триумфот над Норвешка, зошто сега знаат дека сè е во нивни раце. Ние сме таков народ, кога е лошо удираат по тебе, но мора да имаш широк грб за да ги прифатиш тие удари. Покажавме карактер, кој хрватската репрезентација го има уште од 1994 година. Франција игра страшна одбрана, а тоа е многу добар ракомет. Голманот им е фантастичен, а тука е Никола Карабатиќ, кој е вистински лидер. Не е само работа во голоивите, тој не мора да ги дава за да биде главен на теренот. Многу се опасни и засега не одиграа вистински меч на турнирот. Имаат страшна навика за победување и освојување на медали. Е, сега, ако ја победат Србија, на нив мечот со нас нема многу да им значи. Тоа е нашата шанса, но мора да влеземе многу агресивно, дури да го натераме селекторот Дидие Динар да каже: 'Овие Хрвативе не се нормални денеска, ќе го извадам Карабатиќ да не се повреди'. Клучот е – мора да им удриме добар ќотек“, рече Лацковиќ.