Битолчанки за пет минути „се распаднаа“ во Ниш

Единствениот „преживеан“ македонски претставник во женските ракометни конкуренции, ЖРК Пелистер, со пораз го отвори осминафиналниот двомеч од Челинџ-купот, против Наиса Ниш.

Битолчанки загубија со 26-33 во натпреварот на кој имаа формална улога на домаќин. Не е толку болен поразот, колку фактот дека можеше и мораше да биде поподнослив, ако се знае дека на пет минути до крајот резултатот беше само 26-25 за Србинките.

Играта на Пелисте „се распадна“ во од 55. минута до крајот, прими седум гола, постигна само еден и си ги загрози шансите за реваншот, кој се игра утре, исто така на теренот на противникот, но сега со заменети улоги на семафорот.

До завршниот, кобен период, Пелистер добро се држеше, во првиот дел водеше и со 11-9 во еден момент, сепак на паузата беше 13-12 за Наиса. Во вториот деј нишлјиките поведуваа со по три разлика во два наврата, но Пелистер се враќаше, за на крај да го прокоцка трудот.

Вториот натпревар се игра утре, исто така во 18.30 часот, а Наиса има огромни шанси се пласира во четвртфиналето од Челинџ-купот, дури и ако загуби со помалку од седум разлика.