Митревски: Жал ми е што не ги израдувавме навивачи што патуваа толку далеку!

Екипата на Пелистер го претрпе и третиот пораз во третиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите, откако синоќа беше декласиран на гостувањето кај Динамо Букурешт (25-34) на кои, по малку неочекувано, имаа и свои навивачи на трибините.

Битолчани се држеа некаде до 20. минута по која следеше голем пад. Романците со неколку контранапади успеаја да го „скршат“ нивниот отпор.

„Противникот имаше одлични контранапад, но и позиционирани напади во првото полувреме. Ние не одговоривме како што можеме. Нашите навивачи се одлични, им благодарам што патуваа до тука. Сакавме да ги израдуваме со победа, но жал ми е што на крајот не успеавме во тоа“, изјави голманот Никола Митревски, кој имаше 14 одбрани на оваа средба.

Пелистер сега мора да брзо да се собере, бидејќи веќе утре го чека дерби-пресметка со Вардар 1961 во рамките на Супер-лигата.