Барселона ја заврши групната фаза во ЛШ со перфектни 14 победи

Барселона славеше со 42-34 против Мотор Запорожје во последното 14.коло во групата Б од ракометната Лига на шампиони. 

Каталонците и денеска покажаа дека немаат конкуренција оваа сезона, а интересно ја запишаа 27-та победа по ред во групната фаза, сметајќи ја и минатата сезона. Статистиката вели дека Барселона е непоразена дури 43 натпревари по ред на домашен терен во елитното натпреварување. 

Дика Мем денеска беше најдобар со осум голови, додека на спротивната страна Вајчеслав Бокан постигна 11 голови за Мотор.