Барселона го растури Целје, Манасков скромен во победата на Веспрем

Веспрем триумфираше на домашен терен против Монпелје со 24-23 во 13. коло од Лигата на шампиони, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков успеа да постигне само еден погодок од два обида.

Унгарскиот гигант во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство, кое во еден момент изнесуваше и 8-5, по што Монпелје успеа да направи пресврт и да поведе со 12-11. Сепак, тимот на Манасков успеа да на полувреме да замине со 16-14.

Голема битка се водеше и во второто полувреме, а Веспрем ниту во еден момент не го испушти водството и славеше со 24-23.

Барселона одигра фуриозен финиш на првото полувреме кое го доби со 19-14, по што имаа лесна задача во вторите 30 минути и без проблеми славеа со 37-25.