Барса го претстави Циндриќ, Кјелце си „лапна“ еден милион евра!

Шпанскиот ракометен гигант Барселона денеска го претстави Лука Циндриќ, откако по долгите преговори со полскиот Кјелце, Каталонците мораа да платат еден милион евра обештетување за услугите на хрвсткиот среден бек.

„Хрватскиот ракометар потпиша договор со тимот на Барселона за четири сезони, со важност до 30 јуни 2023“, објави клубот на својата веб страница.

Циндриќ, кој со Вардар во 2017 година ја освои Лигата на шампионите, ќе стане еден од најскапите ракометари во историјата.