Милосављев ја има најдобрата одбрана во ЛШ изминатава сезона (ВИДЕО)

Вардар се искачи на врвот на Европа по втор пат во историјата, а дефинитивно еден од најзаслужните беше голманот Дејан Милосављев. 

Младиот Србин цела сезона беше фантастичен на голот на „црвено-црните“, а импресионираше и на завршниот турнир во Келн. Една од неговите одбрани во финалето против Веспрем и го реши победникот. Тој успеа да му одбрани вистински зицер на Благотиншек во финишот и ја обезбеди титулата во ЛШ за Вардар. Токму оваа интервенција ЕХФ ја прогласи за најдобра сезонава во елитата.