Балиќ во Вардар? Тој се смешка и вели: Дојдов само да погледам малку ракомет!

Еден од специјалните гости на натпреварот Вардар - Нант е хрватската легенда, Ивано Балиќ. „Ракометниот Моцарт“ дојде и на вчерашниот тренинг на Нант и подгреа шпекулации дека, можеби, преговара за работа во Вардар.

Откако Едуард Кокшаров стана селектор на Русија, местото спортски директор во Вардар е празно. На европскиот првак му личи да има величина од калибарот на Ивано Балиќ, па неговото присуство овде веднаш се поврза со тоа. Го видовме на трибините, во друштво на уште еден ас на хрватскиот ракомет, Перо Метличиќ, па го прашавме:

Ивано, на што се должи привилегијата да ве имаме како гостин во Скпоје

„Ха, ха...да одговорам официјално или само си разговараме?“, итро возврати Хрватот.

Како повеќе ви одговара - така.

„Дојдов само во посета, малку да погледам ракомет, тоа е сѐ“, одговори Балиќ

Да не ве гледаме почесто во салава на Вардар и во иднина?

„Не, не“, додаде воопшто некатегорично и низ насмевка, во изјава за Спорт1.

Ивано Балиќ имаше искуство од слична функција во хрватската репрезентација, каде што беше координатор на сите машки селекции.