Бабиќ: Магдебург доби лош противник!

Еурофарм Пелистер заврши четврти во групата Д и во осминафиналето вкрстува со првиот од групата Ц, бундеслигашот Магдебург. Сепак, дел од причините за овој пласман лежат и во слабата форма од почетокот на сезонава, наспроти подобрите игри сега, па тренерот Жељко Бабиќ веројатно таму најде повод заизјавата на прес-конференцијата, по поразот од Кадетен (24-27).

Хрватскиот тренер секогаш знаел да дава шеретски изјави, така беше и сега. Наместо да се осврнува со стравопочит кон реномираните ривиал, тој им порача тие да мислат.

„Горд сум на моите играчи, направивме добар резултат во групната фаза и сега ни следи елиминациона фаза. Наш противник е тимот на Магдебург, а тоа значи дека германскиот тим доби лош противник“, рече Бабиќ.

Првиот натпревар меѓу Пелистер и Магдебург се игра во Битола на 23. март, додека реваншот во Германија на програмата е седум дена подоцна.