Атракција на денот: Скубе и Дибиров им го поматија умот на Украинците (ВИДЕО)

Вардар го победи Мотор Запорожје за да го завери осминафиналето во ракометната Лига на шампиони во турбулентната недела со низа заминувања од таборот на црвено-црните. Ракометниот европски владетел одигра по долго време фантастичен меч, а една атракција посебно се издвои вечерва. Почна со страшна асистенција на Сташ Скубе, па уште по мангупски лоб од Тимур Дибиров. Потегот на мечот го издвои и ЕХФ.