Аплаузи за Штербик и за Мораес, мешани чувства за Манасков и оркестар свирежи за Борозан! (ВИДЕО)

Вардар го пречекува Веспрем во 10. коло од Лигата на шампионите, што значи во Скопје се вратија неколку познати лица: Штербик, Манасков, Мораес, Борозан. Меѓутоа, интересно беше како публиката реагираше на секој од нив. 

Штербик и Мораес беа проследени со аплаузи, за Манасков имаше и аплаузи и свирежи, но затоа оркестар од негодувања и свирежи предизвика Борозан. Тоа се должи, секако, на фактот дека си замина од Вардар во април, пред да дојде кулминацијата на сезоната со освоената титула во Келн и тоа н во најпријателски односи со клубот.