Алушовски: Во ЛШ мора да се игра побезобразно за да се дојде до триумф!

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, по дебитантскиот настап во Лигата на шампиони на својот тим, каде загубија од Спортинг со 29-30, искажа жалење за тоа што не успеале да дојдат до позитивен резултат. 

Но, се надева дека во иднина неговите избраници ќе се бележат подобри резултати во елитното европско натпреварување.

Ја честитам победата на Спортинг ги заслужија двата бода. Кога играш на вака големо ниво ние мораме да бидеме побезобразни. За жал за нас дебито во елитното натпреварување заврши со пораз. Не изигравме баш како што се договоривме, но тоа е што е одиме понатаму, изјави Алушовски.