Заразата се шири - короната го коси и РК Охрид!

Ковид-19 сериозно го нападна македонскиот ракомет, откако претходно тимовите на КЛ7, Радовиш и Струга вкупно пријавија 25 позитивни на вирусот, а денеска и Охрид објави дека се појавил опасниот вирус во нивните редови.

Охрид во нивното соопштение откри дека еден ракометар и еден масер се заразени со ковид-19. Тие во моментов се во изолација и се наоѓаат во добра здравствена состојба.

„Почитувани,

Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба.

Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции“, соопштија од Охрид.

Ракометното првенство во групата А е суспендирано на најмалку 15 дена.

Соопштение до јавноста Почитувани, Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на...

Posted by ГРК Охрид on Sunday, September 20, 2020