Вујовиќ: Металург е вистинскиот клуб за мене, не се плашам од конкуренцијата

Новиот ракометар на Металург, Лука Вујовиќ, кој минатата сезона заигра и во првиот тим на Ловќен, е задоволен што во наредната сезона ќе настапува за македонкиот клуб.

Тој смета дека клубот од Автокоманда е вистинскиот избор и дека е изненаден од брзината со која се развива неговата кариера.

Се се случува многу брзо, не очекував дека мојата кариера ќе се развива со вакво темпо. Во Македонија заминав во потрага по посилна конкуренција, каде ќе можам да се докажам и да се потврдам. Затоа мислам дека Металург е вистинската средина за мене, вели Лука за црногорските медиуми.

Тој додаде дека пресуден фактор за неговиот потпис била консултацијата која ја добил од Младен Ракчевиќ, кој неколку сезони настапуваше за тимот од Автокоманда.

Се слушнав со Младен. Тој го поддржа мојот избор и ми рече дека Металург е вистинскиот избор и дека таму ќе работам со добри луѓе. Би сакал и јас да оставам во Металург таква трага каква што таму остави Ракчевиќ. Што се однесува до конкуренцијата, не се плашам од неа. Ќе се обидам со напорна работа да се изборам за поголема минутажа, како што тоа го направив и во Ловќен. Слушнав многу добри работи за тренерот Дамир Стојановиќ и едвај чекам да почнам да соработувам со него, додаде Лука.