Втор Македонец во Металург: Дејан Пецаковски се врати во старото јато

Металург и официјално го претстави Дејан Пецаковски, како свој нов ракометар. Некогашниот репрезентативец на Македонија се враќа во Автокоманда по четврти пат.

Пецаковски дојде од редовите на Еурофарм работник и потпиша едногодишен договор со Металург. Тој го носеше сино-белиот дрес првпат во сезоната 2005-06, кога Металург првпат стана шампион на Македонија, а потоа се враќаше и во 2007-08 и 2013-14.

Пецаковски е веќе седмо засилување за тимот од Автокоманда, но само втор Македонец, по голманот Никола Ѓорѓески (ако не се смета Грузиецот Чантурија, кој има македонски пасош), со што покажува дека Мерталург полека го менува курсот од досегашниот „македонски проект“.

Покрај Ѓорѓески и Чантурија, досега дојдоа и Лука Вујовиќ (пикер), Милан Поповиќ (лево крило Даниел), Маријан Мариќ (лев бек) и Иракли Кбилашвили (централен бек).