Владимир Глигоров ја презема клупата во Металург 2

Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров во иднина ќе го води тимот на Металург 2, кој моментално се натпреварува во Првата лига. 

Глигоров од изминатото лето работи во Автокоманда во младинскиот погон на скопскиот клуб, но сега ќе добие и втора функција на клупата на Металург 2. Тој го заменува Игор Котевски на позицијата во втората екипа. 

Познат по својата добра работа со младите ракометари, Глигоров сега ќе има за задача целосно да се грижи за иднината на Металург со оглед на двете функции како тренер на младинците и на вториот тим. 

Металург е клуб кој произведува многу ракометари, како во младинските репрезентации, така и во сениорската селекција.