Вардарки играат финале против Металург со седум ракометарки! (ФОТО)

Ракометарките на Вардар и на Металург го почнаа финалето од женскиот Куп на Македонија, а составот на Вардар е она што остави впечаток уште пред да почне мечот.

Ирина Дибирова и Роберто Гарсија Парондо ова финале го играат со седум ракометарки плус две голманки. Од првиот тим нема ниту една ракометарка, па битката за пехарот ќе ја бијат Хмирова, Кликовац, Ристовска, Саздовска, Бајрамоска, Керамичиева и Петровиќ, помогнати од голманките Суслина и Мицевска.

Се разбира дека и овој тим е далеку поквалитетен од Металург и дека лесно ќе стигне до пехарот, сепак, вардарки ги разочараа малкумината во „Јане Сандански“, кои сметаа дека последниот натпревар за тимот оваа сезона ќе биде и конечно простување со ѕвездите како Лекиќ, Радичевиќ, Пенезиќ, Лејно...