Европскиот шампион Вардар на првата контролна средба по турнирот во Требиње, успеа да слави против Еурофарм Работник со 32-30 во СЦ „Јане Сандански“.

Вардарци тргнаа одлично во мечот, па беа поквалитетен противник од нивниот ривал од Битола, а на полувреме „црвено-црните“ заминаа со висока предност од 20-13.

Еурофарм Работник тргна многу подобро во второто полувреме, па полека ја „стопи“ предноста на „црвено-црните“, кои во самиот финиш имаа водство од четири гола (31-27), но битолската екипа намали на 30-31.

Сепак, Еурофарм немаше сила за израмнување, па Вардар славеше со 32-30, а Дибиров беше најдобар стрелец кај победничкиот тим со осум постигнати гола.

Вардар утре игра уште една пријателска средба и тоа против грчки АЕК, но мечот ќе биде од затворен карактер и ќе се игра без публика, по што следуваат возбудувањата на Супер Глоуб.