Вардар Неготино и Работнички земаа најголем залет за влез во Суперлигата

Нешто подоцна од суперлигашкиот календар завршија натпреварите во ракометната Прва лига на Македонија, по што познато е кои екипи ги освоија првите четири места во двете групи со што ќе продолжат во плејоф за Суперлигата.

Вардар Неготино и Работнички покажаа најголеми амбиции за влез понатаму, освојувајќи го врвот во своите конкуренции. Клубот од Неготино со славно име, всушност, ја затвори полусезоната совладувајќи ја Ринија со 40-30, за десетта победа во 14-те кола. Со 32 бода води пред Младост од Богданци, кој има 29. Зад нив се Македонија ЃП и Јуниор кои исто така ќе продолжат во плејоф-фазата.

Во групата 1, Работнички е уште поубедилв, со 13 победи и само едно реми, односно со 40 бода. Зад него е Металург 2 со 32 бода, а првите четири позиции ги дополнуваат Тиквеш и Преспа.

По зимската пауза, прволигашите ќе продолжат во втората фаза, плејоф за влез во Суперлигата во која овие осум екипи ќе продолжат да се борат за едно директно место и еден бараж во најквалитетната конкуренција.