Вардар го прегази Леотар и се пласираше во финале на турнирот во Требиње

Актуелниот европски шампион Вардар го запиша и вториот триумф денеска на подготовките во Требиње, откако вечерва беше поуспешен од Леотар со убедливи 38-18, а претходно го победи Борац Бања Лука со 34-30.

Вардарци беа доминантни во нивниот втор натпревар за денеска, па уште на полувреме имаше предност од 17-8 и беше јасно дека ќе извојува убедлива победа.

Во вториот дел „црвено-црните“ одиграа уште подобро, па на крајот заслужено го совладаа аутсајдерот Леотар со убедливи 38-18, па така се пласираше во финале на турнирот во Требиње.