Вардар го потврди третото засилување - Португалецот Дуарте!

Македонскиот ракометен првак и двоен европски шампион Вардар го потврди третото засилување за новата сезона, па во таборот на црвено-црните доаѓа португалскиот репрезентативец Жилберто Дуарте.

Дуарте во Вардар доаѓа од француски Монпелје, каде му заврши договорот и е засилување на левата бековска позиција. Сезонава за Монплеје даде 24 гола во Лигата на шампионите, а во кариерата играше и за Порто, Виска Плоцк од Полска и шпанска Барселона во годината кога Каталонците загубија од Вардар на патот кон втората европска титула на црвено-црните.

Дуарте кој е прв Португалец што ќе го носи црвено-црниот дрес за португалската репрезентација има 91 настап и 283 гола, а играше и на последново Европско првенство во јануари годинава.

Пред Дуарте, во Вардар дојдоа Словенецот Нејц Цехте како засилување на десната бековска позиција и Црногорецот Божо Анѓелиќ кој е среден бек.