Вардар ги потврди Хрватите: Гаџа доаѓа на две, а Векиќ на четири години!

Актуелниот европки и македонски шампион, екипата на Вардар, им посака добредојде на своите нови играчи, Анте Гаџа и Јосип Векиќ.

Се работи за два одлични бекови кои следната сезона ќе бидат дел од вардаровото семејство на патот кон нов успех во Лигата на шампионите. 

Како што соопштија од клубот, Гаџа (среден бек) потпишал двегодишен договор, додека Векиќ (десен бек) ќе остане во Скопје до 2024 година.

Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961. Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ остане во Скопје до 2024 година, соопштија од Вардар.

Инаку, двајцата во пакет пристигнаа во Скопје од хрватскиот шампион ППД Загреб, а се очекува да бидат замени за Скубе и Криштопанс, кои си заминаа од составот на „црвено-црните“.