Вардар ептен се намачи за да дојде до бодовите кај Охрид!

Ракометарите на Вардар далеку потешко од очекувањата ја продолжија победничката серија во домашното првенство, откако вечерва славеа на гостувањето кај Охрид (31-29).

Црвено-црните мораа максимално да се испотат за да дојдат до бодовите против мотивираните „рибари“, кои ниту еден момент не се предадоа, а на десетина минути пред крајот дојдоа на негатива од само еден гол (24-25). Но, на крајот пресуди искуството и несомнено поголемиот квалитет на гостите, кои потоа умешно го однесоа мечот во „мирни води“.

Тимур Дибиров со осум и Филип Талески со пет гола беа најпрецизни во таборот на Вардар, додека кај Охрид се истакнаа Шилегов со шест и Додиќ и Милошевиќ со по пет гола. Вардарци, како и Пролет и Еурофарм Пелистер, имаат три од три и со максимален учинок го чекаат дербито со битолчани, следната сабота во СЦ „Јане Сандански“.