Вардар дојде уште еден чекор поблиску до титулата

Македонскиот ракометен шампион Вардар се наоѓа на чекор до одбрана на шампионската титула, откако на домашен терен славеа против Бутел Скопје со 28-20.

„Црвено-црните“ повторно изиграа колку што им беше потребно. На полувремето поранешниот европски првак имаше комотни 15-10, а добра вест е што добар дел од ова полувреме одигра повратникот Кристијан Дисингер.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кисељов со десет гола и Дисингер со пет голови. На другата страна најдобар беше Давидовиќ кој постигна пет голови. Следен противник за Вардар е Еурофарм Работник со кој ќе се сретне во вторник, додека Бутел е се сретне со Металург на домашен терен. Вардар останува прв на табелата со 21 бод, а Бутел е четврти со шест бодови.

Освојувачот на Купот на Македонија, Металург премногу лесно дојде до победата против градскиот ривал Пролет (41-27). Домаќините цело време го контролираа натпреварот и сосема заслужено стигнаа до победата. Најдобар стрелец кај „пиратите“ беше Шпенде со седум погодоци, а по пет имаа Јагуриновски, Танкоски и Серафимов. Кај поразените се истакна Андоновски кој постигна девет погодоци.