Уште едно засилување со репрезентативен стаж за Еурофарм Работник

Еурофарм Работник го претстави и третото засилување за следната сеозона, голманот кој ја чуваше мрежата на Македонија на Мундијалот во Франција во 2017, Благојче Трајковски.

Трајковски доаѓа од екипата на Охрид и треба да претставува големо засилување меѓу стативите, каде што Работник веќе ги има Градимир Чаневски и Филип Ивановски.

Тој има 31 година и искуство од повеќе клубови во македонската Суперлига, а како врвни искуства од неговата кариера се истакнуваат настапот за Македонија на СП 2017, како и одличните партии во СЕХА-лигата, во дресот на Зомимак.

Ова е трето засилување за Еурофарм Работник, по десното крило од Црна Гора, Милан Ѓукиќ, и македонскиот репрезентативен пивот, Никола Маркоски.