Уште една мака за Вардар: Криштопанс се повредил - меѓу нозете!

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс нема да настапи на следниот меч на „црвено-црните“ во СЕХА-лигата против Стеауа Букурешт.

Криштопанс заработи повреда на тестисите, па мораше да прави операција, која заврши успешно и сега го чека пауза одреден период.

Инаку, Криштопанс е важен дел од екипата на „црвено-црните“, па им помогна да завршат на второто место во групата во Лигата на шампиони зад Барселона, а исто така го однесе Вардар на првата позиција во СЕХА-лигата во моментов на табелата.