Уште еден Русин во македонскиот ракомет - Бутел се засили со играч со искуство од ЛШ!

Ако макеоднскиот ракометен шампион Вардар во своите редови има пет руски репрезентативци, прволигашот Бутел донесе руско засилување за вториот дел од сезоната и битката за место во плејофот во ракометната Суперлига, па од денеска нов член е Алексеј Григориев.

Григориев е 36-годишен искусен десен бек, кој во кариерата играл за Мешков Брест, Мотор Запорожје (два клуба кои се дел од Лигата на шампионите), потоа Санкт Петербург, унгарските Балатонфуреди и Мезоковешди, романската Потаиса Турда, израелскиот Макаби Ашдод и турската Селка Ескисехир.

Договорот на Русинот со Бутел е до крајот на сезоната, а Григориев има искуство од настапи во Лигата на шампионите, но и во другите европски купови.

Инаку во Вардар во моментов членови се руските репрезентативци Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Глеб Калараш, Дмитри Кисељев и повредениот Сергеј Горбок.

View this post on Instagram

🆕 🆕 🆕 Во пролетниот дел од сезоната, нашиот тим ќе биде засилен со искусниот руски интернационалец Алексеј Григориев, кој потпиша договор до крајот на следната сезона. Десниот бек потекнува од составот на Динамо Астрахан. 36-годишниот Русин во кариерата настапуваше две сезони и за Мешков Брест, беше дел од украинскиот Мотор Запорожје, Санкт Петербург, унгарските Балатонфуреди и Мезоковешди, романската Потаиса Турда, израелскиот Макаби Ашдод и турската Селка Ескисехир. Има настапувано во Лигата на шампионите, како и во сите други европски купови, па нема сомнеж дека ќе биде одлично засилување за Бутел Скопје и ќе му помогне на тимот во борбата за пласман во плејофот. #handball #superleague #butelskopje #napredbutel #newplayer #welcome

A post shared by HC Butel Skopje (@hcbutelskopje) on