Уште еден ракометар си заминува од Вардар!

По Калифа Гедбан, Артурс Кугис, Сергеј Горбок, Сташ Скубе и Данил Шишкарев, уште еден ракометар го напушти актуелниот европски шампион, екипата на Вардар.

Од следната сезона „црвено - црните“ ќе бидат без услугите и на Домен Сикошек Пелко, кој кариерата ќе ја продолжи во Ла Риоха. Тој на својот Фејсбук-профил емотивно се прости од Скопје и тимот на Вардар.

Скопје, ти благодарам за сè. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа, порача Словенецот.