Толедо: Нетрпението ме излудуваше, едвај чекам да заиграм за Вардар!

Хозе де Толедо се врати по операцијта на коленото и сега е подготвен за возбудувањата кои го чекаат европскиот шампион Вардар во продолжение од сезоната.

Толедо почна со тренинзи со екипата и се подготвува за да му помогна на Вардар, кој го чекаат тешки месеци.

„Имав комплицирана операција, но подготвен сум. Нетрпението ме излудуваше, не можев да дочекам да заиграм. Имав долга рехабилитација и тешко ми беше. Многу ми недостигаше ракометот. Време е да го облечам дресот и да застанам пред навивачите“, вели Толедо.

Толедо е свесен за тешките месеци кои го очекуваат Вардар, во кој ќе треба да се бори за три трофеи.

„Подготвен сум за предизвиците. Следи тежок период. Секој натпревар ни е важен и нема да го добиеме лесно, но во тоа е убавината затоа што треба да дадеме 100%“, порача Толедо.